Стефковски рамо до рамо со работниците фарбаше ограда


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на покана на директорката на ЈУДГ 25 Мај, учествуваше во работна акција во клонот Морковче во населеното место Јурумлери.
За акцијата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Со задоволство ја прифатив поканата на директорката на ЈУДГ 25 Мај да се приклучам на денешната работна акција која ја организираа во дворот на клонот Морковче во населеното место Јурумлери.
Со дечињата во дворот засадивме нови садници со што и посакавме добредојде на пролетта, а потоа сите заедно помогнавме во работната акција за фарбање на оградата и расчистување на дворот на градинката. – напиша Стефковски
