Македонија

ВМРО-Народна партија со поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик

ВМРО-Народна партија упатува поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик.

„Сметаме дека начинот на кој што е претставен е премногу ригиден и дава огромен простор за реваншизам помеѓу политичките партии кои се менуваат при промена на власта во државата.

Исто така потсетуваме дека во 1998 година, во време на сомнителната приватизација овој член од законот воопшто и не постоеше од проста причина што со се дава простор за манипулација помеѓу политичките чинители.

ВМРО-Народна партија предлага, Владата како добар пример во предвид да го земе примерот на Велика Британија за кој нема да има потреба од многу промени и одлично би се вклопил во Казнениот законик на Република Македонија“, се наведува во соопштението од партијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток