Македонија

ОЈО гони Скопјанец поради две разбојништва во аптеки

Осомничен за разбојништво на 4 декември годинава во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопј околу 18.45 часот влегол со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го сторил на 12 декември во 18.25 часот, во  ПЗУ Моја Аптека Зегин. На ист начин, со маска на главата и скалпел во рацете се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1500,00 денари.

„Со овие дејствија осомничениот сторил две кривични дела Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за што Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.

Поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомниченото лице ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомниченото лице.“, велат од обвинителството.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток