Свет

Америка повторно ја предупреди Кина

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден повторно го предупреди Пекинг да не ги користи деловните можности кои произлегуваат од санкциите против Русија., како и да не и помогне на Москва да ја избегне контролата на извозот и да не врши забранети финансиски трансакции.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, им изјави на новинарите дека земјите од Г7 наскоро ќе објават единствен одговор за да се осигураат дека Русија не може да ги избегне западните санкции наметнати поради нејзиниот напад врз Украина со помош на Кина или која било друга земја, пренесува Ројтерс.

„Тоа не е специфично за Кина, но ќе се применува на секоја важна економија и одлуките на која било од тие економии што тие се обидуваат да ги донесат“, рече Саливан.

Тој рече дека американската влада и ја пренела оваа порака на Кина и дека „очекуваме слична комуникација меѓу Европската унија и одредени европски земји“.

На почеток