Свет

Експлозија во Русија

Експлозија на јаглен и гас денеска се случи во рудник во руската област Кемерово, по што се урнаа камења.

Се верува дека еден рудар останал закопан под урнатините, пренесува Тасс.

Во моментот на експлозијата, 119 лица биле под нивото на земјата, а 118 биле евакуирани. „Изгубивме контакт со еден. Работниците го напуштаа рудникот во моментот на инцидентот“, соопшти Агенцијата за одговор на јавна безбедност.

Јавното обвинителство потврди дека најверојатно едно лице е под урнатините. „Денеска се урнаа карпите во рудникот во градот Осњики, еден рудар најверојатно останал долу. Работите се стопирани, потрагата по него е во тек, а се работи и на отстранување на карпите“, се вели во соопштението.

На почеток