Свет

Русија: НАТО сака војната да продолжи

Руското Министерство за надворешни работи реагираше на денешниот самит на НАТО.

Во соопштението се наведува дека одлуката да продолжи да го поддржува Киев покажува дека западната алијанса сака конфликтот да продолжи, пренесе руската новинска агенција Риа.

„Одлуката на Западот да испрати оружје ја поттикна украинската влада да употреби сила против сепаратистичките енклави поддржани од Русија во источна Украина“, соопшти Министерството.

Русија претходно изјави дека луѓето во сепаратистичките региони се соочуваат со „геноцид“.

На почеток