Магазин

(ВИДЕО) Сара Jo запросена на концертот на Марија Шерифовиќ

Пејачката Сара Јовановиќ попозната како Сара Jo беше запросена на концертот на Марија Шерифовиќ, пишува српски Блиц.

Целиот настан беше поддржан од Марија, која му овозможи на момчето да излезе на сцената, да клекне пред Сара и да ја замоли да се омажи за него, а покрај тоа Шерифовиќ ја убеди Сара да каже „да“.

На крајот пејачката му дозволи на младото момче да и стави веренички прстен на раката.

– Има 21 година, легален е. Тоа е важно – се пошегува Шерифовиќ, кој дефинитивно се забавуваше со оваа ситуација.

Видеото можете да го погледнете тука

На почеток