Глупаво е да се верува дека западните санкции против руски компании и бизнисмени може да имаат влијание врз владата во Москва, вели Медведев
Дмитриј Медведев изјави дека специјалната операција ќе продолжи се додека не се постигнат зацртаните цели – денацификација и демилитаризација на Украина.
„Три четвртини од населението во земјата го поддржуваат спроведувањето на специјалната операција. Ако зборуваме за рејтингот на највисокиот функционер, односно претседателот на нашата држава, тогаш овој рејтинг е уште поголем. Ова е всушност консолидација“, рече тој.
Медведев потсети и на митингот-концертот одржан во Лужники. „Не зборувам за демонстрација на такво единство, како што беше, на пример, неодамна во Лужники. Гледате, вреди многу и покажува како луѓето гледаат на проблемите со кои се соочува нашата земја. Глупаво е да се верува дека западните санкции против руски компании и бизнисмени би можеле да имаат какво било влијание врз владата во Москва, изјави денеска поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев. Тој се осврна и на санкциите кои речиси секојдневно и се воведуваат на Русија.
„Санкциите само ќе го обединат руското општество, а нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА Новости, пренесува Ројтерс.
Западот воведе неколку пакети санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина, а некои од нив се особено насочени кон руски бизнисмени милијардери, за кои се верува дека се блиски до претседателот Владимир Путин, наведува британската агенција.
„Прашањето е дали некој од овие големи бизнисмени може да има и најмало влијание врз раководството на државата. Отворено ви велам не, тоа воопшто не е можно“, нагласи Медведев.
Потсетуваме дека Австралија и се приклучи на Јапонија меѓу последните санкции.