Руската армија влезе во Мариупол, тврди американски институт
Според Институтот за проучување на војната во Вашингтон, руската армија сепак постигнала напредок во опколениот Мариупол.
Да потсетиме, градот неколку пати беше означен како точка што ќе ја прекине војната во Украина, но досега западните медиуми тврдеа дека Русите не успеале да го освојат.
Меѓутоа, сега американскиот институт го тврди спротивното, наведувајќи дека припадниците на руската армија влегле во централното подрачје на градот на 24 март.
Пристанишниот град, кој се смета за клучен за руската окупација, е опколен од руски војници од почетокот на март. Како што ситуацијата во Мариупол се влошува, локалните украински власти го напуштија градот за подобро да ги координираат регионалните операции, вели Институтот за проучување на војната.
Тие додаваат дека руските сили продолжиле да го гранатираат Харков и дека го погодиле местото на испорака на хуманитарна помош, при што загинале шест, а биле повредени 15 лица, а обезбедиле и неколку помали напредувања во регионите Доњецк и Луганск.