Свет

Мицотакис: Санкциите против Русија и нанесуваат штета на Европа

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска предупреди дека голем пакет санкции и штети на европската економија.

– Воведовме толку голем пакет санкции, нешто што досега не сме го направиле. А тие санкции, всушност, „загризуваат“. Сите профити што Русија ги имаше во претходните децении може да се избришат во рок од една година – изјави Мицотакис за Си-Ен-Ен, пренесува „Катимерини“.

Сепак, тој додаде дека кога станува збор за енергетиката, Европа мора да биде многу внимателна и да не дозволи санкциите да и наштетат на ЕУ повеќе отколку на Русија.

– На крајот, колку што имаме обврска да ја поддржиме Украина, имаме обврска и кон нашите граѓани да се погрижиме да не страдаат повеќе отколку што можат да поднесат – рече Мицотакис.

На почеток