Свет

Ердоган: Нема да се приклучиме кон санкциите против Русија

„Турските власти нема да се приклучат на санкциите против Русија, бидејќи не можам да дозволам нашите граѓани да замрзнуваат без руски гас“, изјави турскиот претседател Таип Ердоган пред новинарите при враќањето од самитот на НАТО.

– Што се однесува до санкциите, ние проучуваме одредени насоки на ОН, но да не заборавиме дека не можеме да ги оставиме настрана нашите односи со Русија. Тоа го објаснив многу одамна, бидејќи денес, само кога станува збор за гасот, приближно половина од природниот гас што го користиме доаѓа од Русија – рече Ердоган, пренесува Тас, повикувајќи се на онлајн изданието на Хуриет.

Тој додаде дека, освен тоа, Турција ја гради нуклеарната централа Акују со Русија и дека тоа не може да се игнорира.

– Кога му го кажав тоа на Макрон, дури и тој призна дека сум бил во право. Прво, не можам да го оставам мојот народ да замрзне во зима, а второ, не можеме целосно да ја рестартираме нашата индустрија сами – изјави Ердоган.

Турскиот претседател повтори дека властите „треба да ги заштитат своите граѓани“.

– Имаме држава од 85 милиони жители кон кои имаме различни обврски. Дополнително, на Украинците им испративме 56 камиони со хуманитарна помош. Ги снабдуваме со храна, облека, лекови. Ќе се зголемат испораките – додаде тој.

Анкара постојано истакнуваше дека Турција нема намера да се приклучи на санкциите против Русија, за да не ја колабира сопствената економија и да остави отворен канал за дијалог со Руската Федерација, наведува Тас с.

На почеток