Свет

Швајцарија воведува нови санкции за Москва, но не ја забранува работата на руските медиуми

Швајцарската влада усвои дополнителни санкции против Русија во согласност со одлуката на ЕУ по инвазијата на Украина, соопшти денеска кабинетот на оваа земја.

– Тоа значи дека се применети сите мерки од четвртиот пакет санкции на ЕУ – се наведува во соопштението и се додава дека мерките на ЕУ од 1 март за прекин на емитувањето на руските медиуми „Спутник“ и „Раша тудеј“ не се применети.

Во соопштението се истакнува дека овие медиуми „се користат за ширење насочена пропаганда и дезинформации од страна на Руската Федерација, но дека Федералниот совет смета дека е поефективно да се спротивстави на штетните изјави на фактите наместо да го спречува нивното емитување“.

На почеток