Бајден: Да го запреме уништувањето од рацете на човек кој е воен злосторник.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска повторно го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник.
„Најважно за нас е да го зачуваме единството на нашите демократии од самиот почеток и да продолжиме да правиме напори да го запреме уништувањето од рацете на човек кој, отворено кажано, е воен злосторник. Верувам дека тоа ќе биде во во согласност со правната дефиниција“, рече Бајден за време на заедничкото обраќање со полскиот претседател Анджеј Дуда недалеку од полско-украинската граница, пренесе Спутник.
Бајден рече дека против Русија се на сила најтешките санкции во светската историја, но дека ќе следат нови.
„Воведени се најстрогите казнени мерки во светската историја, а ќе следат и нови“, рече претседателот на САД.
Тој изрази жалење што не може да ја посети Украина и самиот да се увери што се случува во таа земја.