Генерал сака да го земе Калининград од Русите: „Тоа е дел од Полска“
Полска треба да го покрене прашањето за припадност на регионот Калининград, кој е „окупиран од Русија“ од 1945 година.
Поранешниот командант на полските копнени сили, генерал Валдемар Скшипчак, вели дека „сега би било вредно да се споменат овие земји како некогаш освоени. Калининградскиот регион е, според мене, дел од полската територија. Имаме право да бараме територија окупирана од Русија“.
Скшипчак додаде дека регионот Калининград „нема воено значење“ и нагласи дека никогаш не бил руски и дека историски им припаѓал на Прусија и Полска (Прусија била вазал на Полска повеќе од 100 години во 16 и 17 век).
Пред една година, во март 2021 година, генералот Валдемар Скшипчак предложи сценарија за хипотетички воени операции во близина на Калининград меѓу Русија и НАТО.