Со остар предмет се заканувал на полиција
Од
Објавено на
На 25.03.2022 околу 20.00 часот на ул.,,Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.И. од Штип, затоа што се однесувал агресивно и со остар предмет се обидел да ги нападне додека извршувале службени дејствија. Тој претходно со остар предмет се заканувал и на Т.Т.(36) од Штип. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.