Објавени неофицијаните резултати од пописот
ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдовме, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 24,7 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава.
Овие информации се неофицијални, а во четврток ќе бидат презентирани точните податоци.