На пописот во Албанија повеќе Бугари од Македонци
Според извештаите на институтот за статистика ИНСТАТ, во Албанија по најновиот попис живеат повеќе Бугари од Македонци.
По спроведениот попис, врз основа на прибраните податоци во Албанија има 2.402.113 милиони жители.
Бројот на попишани Бугари во Албанија изнесува 7 057, додека бројот на Македонци е 2 281. Најмногу има Eгипѓани, кои се 12 375, додека за националност не се изјасниле дури 13 507.
Во земјата живеат 755.950 домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство. Во Албанија има 1.082.529 домови.
Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.