Свет

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година

По спроведениот попис во Албанија, врз основа на прибраните податоци, Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека Албанија има  2.402.113 милиони жители.

Во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови.

Во 2001 година попишани биле 3.069.275 жители. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за 409.864 жители.

,,Изразено во проценти бројот на населението споредено со пописот во 2011 година се намалило за 16 отсто. Во периодот 2001/2011 падот е за осум отсто. Произлегува дека процентот на намалувањето на бројот на населението е двојно повисок.”, објави Euronews.albania.

Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година. Првиот попис е спроведен во 1923 година, а претпоследниот  беше во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19.

На почеток