Свет

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Еквадор, има урнати згради

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Еквадор во 6:28 часот.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 10 километри оддалечен од Есмералдас со 165.000 жители.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат делумно урнати згради и оштетувања на болницата по земјотресот.

Засега нема информации за повредени.

На почеток