Свет

Земјотрес на Еквадор, загина 16-годишно момче

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Еквадаор, длабочина од околу 80 километри.

Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од земјата, иако бил „слаб“ на планините.

Градоначалникот на кантонот Симон Боливар во крајбрежната провинција Гајас изјави дека 16-годишното момче загинало кога врз него паднал кабел за напојување со висок напон.

На почеток