Шангај од денес во локдаун
Кина денеска почнува да го заклучува Шангај, еден од најголемите градови во земјата со околу 26 милиони жители.
Тоа е дел од стратегијата во борбата против Ковид-19.
Финансиската област Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот, соопшти локалната власт. Друг дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок.
Жителите ќе мора да останат во своите домови за време на затворањето, а испораките ќе бидат оставени на одредени места за да се осигура дека нема контакт меѓу луѓето.
Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран.
Кина објави повеќе од 56.000 случаи на болеста овој месец, која брзо се шири на истокот на земјата. Сепак, имаше малку луѓе заразени во Шангај, само 47 случаи во саботата.
Сепак, Кина ја продолжи својата стратегија за затворање и масовно тестирање за да го минимизира бројот на заразени по највисокиот скок на нови инфекции во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирус.