Свет

Aмериканскиот разурнувач пристигна во Полска

Американскиот разурнувач УСС „Форест Шерман“ со ракетен фрлач и оружје од различен калибар пристигна во неделата во полското пристаниште Гдањск.

Разурнувачот ќе остане во Гдањск до крајот на март, јавуваат полските медиуми.

„Пристигнавме во пристаништето Гдањск во рутинска посета. Нашата цел е да го покажеме американското присуство во Балтичкото Море и да ги убедиме нашите сојузници во НАТО дека можеме брзо да реагираме на каква било потенцијална агресија во регионот“, рече командантот на американската морнарица.

Тој, исто така, рече дека американските војници ќе му помогнат на Гдањск да обезбеди хуманитарна помош за бегалците од Украина.

На почеток