Свет

Израелскиот премиер позитивен на коронавирус

Израелскиот премиер Нафтали Бенет е позитивен на коронавирус.

Тој се чувствува добро и ќе продолжи да работи додека е во самоизолација дома, соопштија денеска од неговата канцеларија, пренесува Ројтерс.

Заменик портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, која отпатува во Европа со американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така денеска изјави дека е позитивна на коронавирус, но дека немал близок контакт со американскиот лидер.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки беше позитивна на коронавирус, според Ројтерс.

На почеток