Свет

Ковид во тимот на Бајден кој беше во Полска

Заменик-порпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, која отпатува во Европа со претседателот Џо Бајден, рече дека е позитивна на коронавирус.

Сепак, како што беше најавено, таа не важи за близок контакт на американскиот лидер.

Жан-Пјер прецизираше дека последен пат го видела Бајден во саботата на состанок на кој се почитуваше социјалната дистанца и дека според правилата на Центарот за заразни болести (ЦДЦ), таа не се смета за близок контакт на претседателот.

Во соопштението не се наведува кога Бајден последен пат бил тестиран, пренесува Ројтерс.

Жан-Пјер додаде дека е вакцинирана и дека ќе се врати на работа по пет дена изолација и негативен тест.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки беше позитивна на коронавирус.

На почеток