Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа двајца војници
Од
Објавено на
Исламската држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во Израел во кој загинаа двајца војници, а 10 беа ранети.
Претходно израелските власти соопштија дека две вооружени лица од арапско потекло убиле две лица во Хадера, недалеку од Тел Авив, по што полицијата ги убила со огнено оружје.
Инцидентот во Хадера, град на 50 километри северно од Тел Авив, се случи за време на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Израел и на израелско-арапскиот самит на југот на земјата.