Македонија

Не се решени прашањата кои Бугарија и ги спори на Македонија

Историските прашања кои за Бугарија се спорни, остануваат нерешени. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека има подобрена комуникација меѓу двете држави. Смета дека има групи кои не сакаат дијалогот со Софија да не оди во добра соработка.

„Во врска со политичките прашања, министерствата за надворешни работи работат. Се на ниво на размена на документи. Уште нема конечен документ за кој сме договорени. Штом се случи тоа, ќе го споделиме со релевантните институции во двете земји. Имаме подобрена комуникација. Нашите министри работат на инфраструктурни проекти важни за двете држави“, кажа Ковачевски.

На почеток