Петков: Имам добри вести за историската комисија, има реална можност да се надминат некои работи кои беа тешки
„Западен Балкан, со кризата во Украина, мора да биде што постабилен. А тоа е можно со пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“. Ова е ставот на Кирил Петков, премиер на Бугарија, во однос на почетокот на преговорите. Тој вели дека има добри вести за историската комисија: „Некои работи кои беа тешки да се надминат, сега има реална можност за надминување“.
„Со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки, си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени. Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ, што е можно побрзо. Нашата Влада сака да го постигне овој резултат. Имаме неколку одредници, како што се заштитата на правата на малцинствата. Во блиска координација сме со европските партнери, кои служат како трета страна во преговорите. Очекуваме специфичен јазик на кој заедно ќе работиме во преговорите. Се надевам дека ќе го постигнеме резултатот. Историски, многу е подобрен нашиот однос во последните три месеци. Имаме заедничка цел“, кажа Ковачевски.
Тој тврди дека е оптимистичен дека ќе се постигне договор што е можно поскоро.