Скопје

ФОТО: Тешка сообраќајка на влез од Скопје кај Сарај, три лица пренесени во болница

Од МВР информираат дека во денешната сообраќајка на влезот на Сарај се повредени три лица, кои се пренесени на лекување во Клиниката „Мајка Тереза“.

„Денеска во 10:10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорче Петров со улицата Сарај, во близина на мостот Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б. (52) од скопското село Љубин и возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С. (51) од Охрид. Двајца возачи и сопатничката С.С. (46) се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.

На почеток