Во Охрид, дуелот на Македонија за пласман на Мундијалот во Катар ќе се гледа на плоштад
Утре (29.03), на Градскиот плоштад, охриѓани ќе имаат можност заеднички да го проследат фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Португалија. Организатор е Општина Охрид, односно градоналачникот Кирил Пецаков.
„Натпреварот започнува во 20:45 часот. Ве поканувам сите заедно од Градскиот плоштад да испратиме поддршка до нашата репрезентација“, напиша Пецаков.
Македонската репрезентација утре го игра финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Мечот против Португалија го играме на стадионот во Порто, популарниот Драгао со почеток од 20:45, а според последните информации кои доаѓаат од таму, на натпреварот ќе бидат присутни околу 2000 наши навивачи.