Свет

Пукање на аеродромот во Канкун

На аеродромот во Канкун имало пукање, јавуваат медиумите.

Откако биле испукани истрелите, патниците кои во тој момент биле на аеродромот почнале да бегаат и панично да врескаат.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како луѓето панично бегаат.

Засега нема информации што точно се случило, како и дали има повредени или загинати.

На почеток