Македонија

Споредбено од март минатата година, лебот е покачен за 110, маслото за јадење за 70, шеќерот за 40 и брашното за 50%, вели Трипуновски

Ова е уште еден показател дека актуелната власт не бира средства и начин како да се луксузира на државен трошок, додека граѓаните не можат да врзат крај со крај, додека рафтовите во маркетите се полупразни, некои производи и ги нема веќе се дефицитарни, сега гледаме дека актуелната власт се луксузира, па се обидува да се вади, а напротив уште толку потонуваат во лагите, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Трипуновски рече дека зголемувањето на цената на прехранбените производи е резултат на не навремените мерки, потенцирајќи дека владата и претседателот Пендаровски знаеле дека ќе започне руската инвазија врз Украина.

Пендаровски кажа уште пред шест месеци дека знаеле дека ќе има дестабилизација на регионот и оттогаш наваму ништо не преземале за да превенираат одредени ситуации за да се заштитиме колку што можеме со навремени мерки. Но, како резултат на таа ненавремена реакција ние денеска имаме поскапување на основните прехранбени продукти за многу голем процент. Она што вадев како статистика лебот од март минатата година и до март оваа година е покачен за 110 проценти, маслото за јадење е покачено за 70 проценти, ако во март минатата година било 62 денари и го имало во доволна количина денеска е над 100 денари и го нема речиси на рафтовите во маркетите, брашното е за 50 проценти покачено, шеќерот за 40 проценти, а за нафтените деривати воопшто да не зборуваме, кажа тој.

Трипуновски вели дека владата не прифаќа ниту еден предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го става во знак прашалник прехранувањето на нацијата.

Оваа влада го доведува во сериозен знак прашалник прехранувањето на нацијата на нашата држава. Ситуацијата е алармантна и навистина сум зачуден од игнорантскиот однос од владата на сите наши предлози кои што ги даваме за да се заштити она што може да се заштити, и да се спаси она што може да се спаси, истакна Трипуновски.

Трипуновски нагласи дека во 2016 година државата имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што се извадило реколта од околу 306 илјади тони, односно како што посочи тој потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, додека во 2021 година државата имала 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони, односно за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно.

Пет години е СДСМ на власт, а ние речиси секоја година имаме некаква криза, и ние изминатите години неколку пати сме апелирале и сме давале предлози како да се заштитиме односно да ги имаме основните производи во доволни количини и да се трудиме да ги извезуваме од нашата држава. Неколку пати изминатиот период правев анализа само да ја доловам на јавноста ситуацијата во кој што не доведе владата на СДСМ. Во 2016 година сме имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што сме извадиле реколта од околу 306 илјади тони, значи нашата потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, во 2021 година ние имаме 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони. Тоа е за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно како држава, потенцираше тој.

На почеток