Македонија

(ФОТО) Филипче навива со син му за Македонија

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи објави фотографија со неговиот син Иво со кого вечерва ќе го гледа натпреварот помеѓу Македонија и Португалија.

„Вечерва навиваме со син ми Иво!
Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.
Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство“, стои во објавата на фејсбук.

На почеток