Северна Кореја не ја лансираше „ракетата-чудовиште“
Северна Кореја не лансираше, како што тврдеше, интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17, која аналитичарите ја нарекуваат „ракета чудовиште“, тврди јужнокорејската армија, која додава дека интерконтиненталната балистичка ракета што Пјонгјанг ја тестираше во 2017 година всушност била лансирана.
На 25 март, Северна Кореја објави дека ја лансирала својата најмоќна интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17.
Оваа „ракета-чудовиште“ беше изложена за прв пат во октомври 2020 година, на воената парада во Пјонгјанг.
Сепак, јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека Сеул и Вашингтон успеале да утврдат дека истреланиот проектил е всушност Хвасонг-15, тестиран во 2017 година.
Лажните информации на Пјонгјанг се обид да се прикрие неуспехот на лансирањето на ракетата на 16 март.
Аналитичарите веруваат дека ракетата што била испукана тој ден била Хвасонг-17, но дека експлодирала веднаш по лансирањето.
И двата типа интерконтинентални ракети теоретски би можеле да стигнат до американскиот континент.