Путин се искарал и со Макрон
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека сите напади на Мориупол ќе престанат само доколку се предадат сите украински војници од тој град, јави Би-Би-Си.
Британскиот јавен сервис се повика на соопштение од Кремљ, во кое се наведува дека Путин тоа го рекол за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Потоа, според Би-Би-Си, францускиот функционер рекол дека Путин се согласил да ја разгледа можноста барем за евакуација на цивилите од тој град.
Но, според текстот на Би-Би-Си, Путин не дал јасни гаранции за тоа што го кажал.
Во меѓувреме, ситуацијата во Мариупол е опишана како катастрофална.
Постојаниот претставник на Украина во ОН, Серхиј Кишлица, рече дека „во моментов најтешка е ситуацијата во Мариупол, каде руските сили убиле најмалку 5.000 граѓани, а речиси 150.000 жители се под опсада, без основни услови за живот“.