Кремљ: Нема веднаш да го исклучиме гасот за земјите кои не плаќаат во рубљи
Кремљ најави дека нема веднаш да ја исклучи испораката на гас за земјите кои нема да го исполнат вчерашниот ултиматум на рускиот претседател Владимир Путин.
Да потсетиме, Путин во вчерашното телевизиско обраќање рече дека потпишал нов декрет според кој „непријателските земји“ од денеска мора да го плаќаат рускиот гас во рубљи или ќе бидат раскинати постоечките договори.
„Денес добив многу прашања за тоа дали новата уредба значи дека од денеска ќе ја исклучиме испораката на гас за земјите кои не почнуваат да плаќаат во рубљи. Не, тоа не значи и не произлегува од уредбата“, рече Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека плаќањата за денешните испораки на гас се закажани за крајот на април или почетокот на мај.
„Но, повторувам уште еднаш, подобро е да се контактира со Гаспром за сите детали“, рече Песков.