Скопје

(ВИДЕО) Шофер во ЈСП наместо рампа за лице со попреченост, му затвори врата и замина

Видео на кое автобус на ЈСП не ја спушта пристапната рампа за лице со посебни потреби, деновиве се прошири на социјалните мрежи.

На видеото лицето ги замолува патниците да го информираат возачот на авотбусот дека треба да ја спушти пристапната рампа. Наместо тоа, возачот ги затвара вратите и продолжува кон следната постојка.

„Џабе што има нови автобуси со рампи пристапни за лицата со посебни потреби, кога има несовесни шофери кои ги мрзи да станат и да отворат рампа. Лицата со посебни потреби оставени се на милост и немилост да чекаат некој следен автобус кој можеби ќе биде нов но ќе има исто несовесен шофер и нема да си ја изврши својата должност! Не е прв пат“, стои во описот на видеото.

На почеток