Свет

Русија го менува законот, најавува казни за оние кои и воведоа санкции

Руски пратеници ќе предложат мерки за казнување на спроведувањето на санкциите на руска територија, наведува Ројтерс.

Андреј Клишас, висок законодавец, на телеграм напиша: „Јас и моите колеги од Државната дума ја завршивме работата и во понеделник ќе воведеме измени во Кривичниот законик за спроведување на санкциите наметнати од странски земји против Руската Федерација.

Клишас не прецизираше како Русија ќе ги идентификува или казни оние кои воведоа санкции.

На почетокот на март, руските пратеници донесоа измени на законот според кои ширењето „лажни“ информации се казнува со парична казна или затвор. Тие наметнаа казни за јавни повици за санкции против Русија.

На почеток