Македонија

Русковска молчи за „Немав гаранција од Вилма“, Стефанова и адвокатите Камчев на „иста страна“ за разговорите

Шефицата Вилма Русковска без никаков јавен коментар и по два дена за новите разговори кои експремиерот и бегалец Никола Груевски кажа дека се автентични, а во кои тврди дека Орце Камчев меѓудругото вели „Немам гаранција од Вилма“. Бизнисменот пред да влезе на судењето за „Плацови на Водно“ каде е обвинет, исто така не коментираше ништо.

„Јас бев спремен да ја нападнам, но немав гаранција од Вилма. Сакав да и ги извадам пораките на  Чифлиганец и нејзе за тоа таквото, тие што ги имам, разбираш. Ама да имам гаранција, да идам само јас со глава во ѕид, овие сите бегаат“, се слуша во снимката направена од Груевски за која во суд доставил и вештачење, а за која тврди дека разговара со Камчев.

Во судницата се водеше борба за прифаќање на разговорите како докази во постапката. Обвинителката која ги гони обвинетите, Лиле Стефанова, кажа дека не се докази, бараше судијата да ги отфли, за што Илија Трпков ја послуша. Со нејзиното барање се согласија и адвокатите на Камчев.

„Овде нема јавен интерес, туку само интерес на Груевски. Ако се прифатат овие разговори, тогаш и ние ќе бараме да се прифатат разговорите каде Груевски кажува дека нашол ‘земјиште за џ’блк’. Груевски го снимал соговорникот без да му го каже тоа“, рече Стефанова.

Инаку, Груевски вчера излезе и со јавен став за разговорите кои протекоа во јавност.

„Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков брутален притисок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички прогон, каде правосудниот систем е само егзекуторот, вклучително и самиот Камчев. Секако јас сум прв на листата за “отстрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме обвинат и осудат“, напиша Груевски.

Реагираше и Боки 13, особено за споменувањето на Вилма Русковска за која се слуша како не дала гаранција, делот каде се вели „Да наместиш човек е зло“, „Невозможно у светот е да се базираат судски одлуки само на изјави мора да се поткрепат со материјален документ…“, „Го сјебав СЈО…“.

„Па сега аналогно на издвоеново а и на целата објавена содржина, прво да ја прашам Вилма Русковска каква гаранција требала да му даде на Камчев, усмена или писмена? Ја прашувам Вилма Русковска како може како шеф на обвинителството за организиран криминал, да дава било какви гаранции на обвинет и дали со тоа истата Русковска ја злоупотребила службената положба олеснувајки му ја положбата на Камчев? Најважното прашање од се е, дали Вилма беше директниот соучесник и покровител на Камчев во “сјебувањето” на СЈО со конструирањето на предметот “Рекет” каде сум осуден на 9 годишна затворска казна, токму онака како што вели Камчев во бомбите без ниеден материјален доказ , туку само на голиот, противречен и конфузен исказ на Камчев и жена му, на кого судот му поклони верба?“, напиша меѓудругото Боки 13 и го објави јавно преку негов администратор, како што пишува.

Според обвинението, во „Плацеви на Водно“, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

(АУДИО) „Немам гаранција од Вилма“, објавени „бомби“ каде се споменуваат Груевски и Орце…. – Скопје1.мк (skopje1.mk)

(АУДИО) „Немам гаранција од Вилма“, објавени „бомби“ каде се споменуваат Груевски и Орце….

На почеток