Зеленски: Руската нафта мора да биде целосно санкционирана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави новиот бран санкции против Русија, но рече дека тие не се доволни, пренесува Би-би-си.
Во своето последно видео обраќање, Зеленски го повика Западот да оди подалеку и да ја бојкотира употребата на руската нафта. Тој рече дека неуспехот на договорот за ембарго ги чини животите на украинскиот народ.
Русија е трет по големина производител на нафта во светот, а повеќе од половина од нејзиниот извоз оди во Европа. Зеленски рече дека Кремљ заработува толку многу пари од извозот на нафта што не чувствува потреба сериозно да ги сфати мировните преговори.
Тој додаде дека ќе продолжи да инсистира руските банки да бидат целосно отсечени од меѓународниот финансиски систем.