Зеќири оди во притвор
Од
Објавено на
Судот му одреди притвор на Мухамед Зеќири.
По шест часа во Кривичниот суд, тој со полициско возило беше спроведен од судот.
Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.
Мухамед Зекири поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. Тој денеска преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.