Македонија

Прегазен пешак во Велес, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Алексо Демниевски“, улицата „Вардарска“ и улицата „Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.Б. од Велес, удрило во пешакот С.П.(71) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

На почеток