Свет

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај за Украина

Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, соопшти британското Министерство за одбрана.

Тие додаваат дека Русија продолжува да ги напаѓа украинските цивили и потсетуваат на вчерашниот напад на железничката станица Краматорск во источна Украина.

„Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, со поддршка на континуираното лансирање на крстосувачки ракети во Украина од страна на руските поморски сили.

Руската воздушна активност се очекува да се зголеми во јужна и источна Украина.

Сепак, амбициите на Русија да воспостави копнен коридор меѓу Крим и Донбас се уште се спречени од украинскиот отпор“, соопшти британското воено разузнавање.

На почеток