Дејли Мејл: Абрамович позајмува пари за да плати сметки, Абрамович: Неточно
ЕУ и Велика Британија ги замрзнаа сите средства на Роман Абрамович, кој се најде отсечен од поголемиот дел од неговото богатство, кое изнесува околу 6,5 милијарди фунти.
Според таблоидот Дејли Меил, оваа недела работите станале толку лоши што Абрамович побарал од своите богати пријатели да му позајмат пари.
Според нивните информации, тој им пришол на голем број свои богати пријатели во САД, меѓу кои и холивудскиот продуцент Брет Ратнер и членовите на семејството Ротшилд, барајќи од него да му позајми по милион долари за да може да си ги плати неделните сметки за јахти, вили и персоналот кој наводно изнесува околу 750.000 долари.
Абрамович негира сè.
„Дејли мејл“ пишува и дека сопругата на Питер Авен, директор на најголемата руска приватна банка и пријател на Роман Абрамович, ги посетила лондонските банкомати и собрала максимални суми пари пред да стапат на сила новите санкции.