Свет

Русија и се пожали на Турција за дроновите, Анкара вели тоа одамна било завршено

Русија им се пожали на турските власти дека украинската војска користи дронови произведени во Турција.

Говорејќи на брифингот за медиумите, турски функционер рече дека Анкара и кажала на Москва дека турскиот производител на беспилотни летала Бајкар Технолоџис е приватна фирма и дека купувањето на беспилотни летала од Украина било завршено пред војната.

Според Си-Ен-Ен, украинските власти ги прогласуваат беспилотните летала на Бајкар Бајрактар ​​ТБ2 за едно од најефикасните оружја во нивниот арсенал. Тие беа наречени „убијци на руски тенкови“.

Минатата недела, Си-Ен-Ен доби редок пристап до производствениот погон Бајкар во Турција и разговараше со главниот технолошки директор Селџук Бајрактар.

Бајрактар, кој е и зет на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рече дека дронот го прави она за што е дизајниран.

На почеток