Свет

Руското Министерство објави детали што планира Киев

Киевскиот режим подготвува нова провокација за да ја обвини Русија за масовно убиство на цивили во населбата Ирпен во Киевската област.

Ова го изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Како што рече, припадниците на Украинската служба за безбедност (СБУ) имаат намера да ги префрлат на Ирпен телата на убиените од украинските гранати, кои потоа ќе им ги претстават на новинарите како убиени руски војници кои пристигнале во тој град да убиваат цивили.

„Тие имаат намера да ги донесат телата од градската мртовечница во подрумот на зградата во источниот дел на Ирпен, а потоа во блиската шума ќе се изврши инсценирана акција за уништување на руската разузнавачка група која наводно пристигнала во тој град за да убие сведоци на Руски воени злосторства“, рече тој.

Телата на украинските екстремисти убиени од украински екстремисти ќе им бидат покажани на новинарите како доказ.

Конашенков рече и дека оваа „цинична инсценирана акција“ била организирана со цел да се пренесе на западните медиуми.

На почеток