Свет

Курти: Косово побрзо ќе влезе во НАТО наместо во ЕУ

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека постои голема веројатност Косово да влезе во НАТО наместо во ЕУ.

„Ние сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, но можно е поради многу фактори да можеме да влеземе во НАТО пред ЕУ. Побаравме од САД да ни помогнат за членство во НАТО, добивме одговори. Тесно соработувавме и правиме некаква транзиција за нашата армија“, изјави Курти за Политико Европа и новинската агенција АНА, која го пренесува Косово онлајн, цитирајќи го Лајми.

Тој изрази уверување дека брзината за членство на Косово во НАТО ќе се зголеми поради руската интервенција во Украина.

Курти смета дека војната во Украина претставува опасност за Западен Балкан, преку Србија.

Тој оцени и дека Република Српска стана еден вид руски Калининград во регионот.

На почеток