Палестинците запалија еврејски храм на Западниот Брег


Палестинците запалија еврејски храм на Западниот Брег, додека израелските сили спроведуваа акции на окупираната територија.
Ова е последен во серијата инциденти откако тензиите меѓу Израелците и Палестинците ескалираа за време на муслиманскиот празник, светиот месец Рамазан, кој оваа година се совпаѓа со големите еврејски и христијански празници.
Протестите и тензиите за празниците минатата година ескалираа во 11-дневна војна во Газа.
Портпаролот на израелската армија, генерал Ран Кочав, на израелското армиско радио изјави дека околу 100 Палестинци марширале кон еврејскиот храм во саботата вечерта, се побуниле и го запалиле пред да бидат растерани од палестинските безбедносни сили.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат делови од гробницата во внатрешноста на светилиштето кои биле скршени и јагленосани.
