(ФОТО) Британците објавија нова мапа, Украина во контранапад на југ
Британското Министерство за надворешни работи објави нова мапа заснована на сопствени разузнавачки информации за ситуацијата на боиштата низ Украина.
На почетокот на оваа недела, на британските мапи во неколку наврати беа забележани големи промени на северот. Денес на север, според британските разузнавачи, нема повеќе руски војници или борби на теренот (освен бомбардирањето на градовите). Целата северна Украина ја смета Британија за област под контрола на Украинците.
Но, некои важни промени на југ се видливи и денес. Имено, Британците забележаа два украински контранапади на крајниот југ на земјата, а забележана е и една значајна промена. Само вчера, Британците сметаа дека областа северно од градот Керсон е територија под контрола на Русија. Денеска наведуваат дека на тој простор се водат борби.
Со недели се зборува дека Украинците би можеле да се обидат да го ослободат градот Керсон, најголемиот град што Русите досега го окупирале. Во влезовите во градот се водат жестоки борби, а од првиот ден на окупацијата се евидентирани неколку протести против руската окупација внатре во градот.
Денешната промена на британската мапа покажува дека битката за Керсон навистина може да се води во блиска иднина.