Актуелно

„Повлекувањето на руските сили од Киев не значи дека се откажале“, вели Кличко

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, смета дека повлекувањето на руските сили од Киев не значи дека тие се откажале од желбата да го заземат главниот град.

Според Укринформ, Кличко тоа го рекол во интервју за американската телевизија ABC, кое го дал заедно со неговиот брат Владимир.

„Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека тој се откажал од желбата да го заземе главниот град“, истакна Кличко, додавајќи дека затоа е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена.

Главниот град мора да продолжи да биде подготвен за одбрана“, рече Кличко. Тој тврди дека „окупаторите продолжуваат да вршат злосторства и геноцид врз украинскиот народ во регионите што ги освоиле“.

На почеток