Скопје

Нападнал пациент и болничар на неврохирургија, па рипнал од втор кат

Пациент нападнал друг пациент и болничар, на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што скокнал од вториот кат.

-Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдуваат од МВР за Курир.

На почеток